Избалансирана исхрана
Човековиот организам има постојана потреба од надополнување на енергија за извршување на секојдневните активности. При тоа треба да е избалансиран внесот на макронутритиенти, микронутритиенти и вода. Макронутритиенти се јагленихидрати, протеини и масти. Јаглените хидрати имаат висока енергетска и калорична вредност, бидејќи неискористените јагленихидрати се претвараат во масти и на овој начин многу лесно доаѓа до дебелеење. Прекумерниот внес на масти е многу штетен за човековото здравје и доведува до успорување на метаболизмот. Протеините имаат ниска калорична вредност, а даваат многу енергија. Нивниот внес го забрзува метаболизмот и доведува до регенерација на клетките. Микронутритиентите, односно витамините и минералите, се неопходен дел од секојдневниот внес на храна. Тие имаат ниска калорична вредност, а нивниот нормален внес допринесува за зголемување на енергијата и регулирање на многу процеси во организмот.