Кога е најсоодветно да го однесеме нашето дете за прв пат на стоматолог?
Најдобро е што порано,тоа подобро,односно додека се сите забчиња здрави па на тој начин детето нема да има одбивност кон доаѓањето на стоматолог,па подоцна редовно и самостојно ќе се грижи за своето орално здравје. Првата посета никогаш не смее да е поврзана со било каков вид на интервенција.Обично тоа е запознавање со стоматолошкиот стол,инструментите и докторот стоматолог,па така само со пријатен муабет и намсевка ќе ја освоиме довербата и симпатиите на детето.